Дома Фудбал Кристијано Роналдо: Не сметам дека Меси е подобар од мене

Кристијано Роналдо: Не сметам дека Меси е подобар од мене

Кристијано Роналдо одговори на изјавата на Вејн Руни, според кого Лионел Меси е подобар фудбалер од двајцата.

Во краток анонс на интервјуто со Пирс Морган, кое ќе се објави утре, португалската ѕвезда го коментираше мислењето на својот поранешен соиграч.

„Руни рече дека не те мрази, но сепак смета дека Меси е подобар“, ја подигна темата Морган.

„Немам проблем со тоа, но не се согласувам. Нема да бидам скромен“, одговори напаѓачот на Ал-Наср.

Порано телевизискиот водител Морган го најави претстојното интервју со Роналдо како „најличното и најотвореното интервју“ со португалската ѕвезда.

Претходното големо интервју на Кристијано со Морган доведе до прекинување на договорот со Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Десаи со поддршка за Манчини: „Нема подобар за Италија во оваа криза“

Марсел Десаи верува дека обновата на Италија е на вистинскиот пат, но предупредува дека са…