
Аферата во Италија околу нелегално обложување на фудбалери на натпревари е во полн ек. Јавното обвинителство во Милано започна истрага против десетина фудбалери, обвинети дека онлајн се обложувале на неовластени платформи.
Истрагата произлезе од изјавите на Сандро Тонали и Никола Фаџоли, кои веќе беа санкционирани и издржаа казни. Истражната судијка Лидија Кастелучи нареди заплена на повеќе од 1,5 милиони евра против пет лица кои не се од светот на фудбалот, а биле вклучени во организирање на обложувањето.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Обвинителството во документацијата го најде и името на Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец е вистинска куриозитетна работа бидејќи против него не се води постапка затоа што тој навистина купил четири часовници од спорната златара Елисиум и за тоа платил 100.000 евра. Асот на Јувентус не е под истрага, а не уплатил ниту пари на Фаџоли за да му помогне да ги исплати долгите за коцкање. А вечерта Влаховиќ ќе го одигра 100-тиот натпревар за „Стара дама“ во Серија А против Лече…
Меѓу новите имиња во аферата се појавуваат Алесандро Флоренци, Николо Заниоло, Вестон Мекени, Матија Перин, Анхел Ди Марија, Самуеле Ричи, Раул Беланова, Леандро Паредес, Матео Каќелари, тенисерот Матео Гиганте…