Капитенот на Ипсвич Таун, Сам Морси, е единствениот од сите 20 во англиската Премиер лига кој викендов не ја носеше капитенската лента во боите на виножитото, што, според неговиот клуб, е поради верските убедувања.
Популарните „Трактор Бојс“ беа поразени од Нотингем Форест (1:0), а вниманието на британската јавност го привлече гостинскиот капитен, Сам Морси, кој одби да ја носи лентата за поддршка на ЛГБТ заедницата.
Премиер лигата од 29 ноември до 5 декември ја спроведува кампањата „Rainbow Laces 2024“, која вклучува поддршка за ЛГБТ заедницата. За време на тој период, лигата и нејзините клубови ќе спроведат акција за поддршка на еднаквоста и нивните капитени ќе носат капитенски ленти во бои на виножито на сите натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, тоа не е случај со Сам Морси, египетскиот репрезентативец, кој поради своите верски убедувања одби да носи таква лента.
Ипсвич објави соопштение откако капитенот Сам Морси избра да не ја носи лентата во боите на виножитото која ја означува кампањата Rainbow Laces на Премиер лигата. pic.twitter.com/WW7jMQ0nCi
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 2, 2024
Од клубот потврдија дека неговата одлука е поради верски причини и го заштитиле откако добил многу осуди од британската јавност.
“Ние ја почитуваме одлуката на нашиот капитен, кој избра да не ја носи лентата со виножито поради своите верски убедувања. Истовремено, ќе продолжиме да развиваме околина каде сите се ценети и почитувани на теренот и надвор од него. Планирани се низа иницијативи пред следниот домашен натпревар против Кристал Палас, вклучувајќи и голем екран на стадионот пред почетокот на натпреварот”, рече портпаролот на Ипсвич за Мирор.