
Утрово Ливерпул реши да го „сруши“ интернетот со ненадејна објава дека Мо Салах го продолжи договорот со клубот.
Салах така, по месеци шпекулации дали ќе остане или ќе замине, реши да потпише нов двегодишен договор со тимот од „Енфилд“.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Со оглед на тоа што е познато дека Александар-Арнолд на крајот од сезоната заминува во Реал Мадрид, неизвесна е уште само судбината на ван Дајк.
Како што пренесува англискиот „Сан“, Холанѓанецот кој во изминатата година беше поврзуван со заминување од Ливерпул, ја донесе одлуката.
Тековниот договор кој го има со Ливерпул му истекува во јуни, но како што тврдат новинарите од Англија, договарал продолжување на соработката на две години исто како Мо Салах.
Фото: Принтскрин