
Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, бара зголемување на сегашната плата од 350,000 фунти неделно за да потпише нов договор со “мерсисајдците”. Ова го тврди новинарот Екрем Конур, како и неколку сајтови на Островот.
Според информациите во последните денови, преговорите помеѓу агентот на играчот Рами Абас Иса и клубот се многу интензивни и од кампот на Салах изјавиле дека желбата на Египќанецот е да остане ако сегашната плата му биде зголемена, и покрај тоа што и натаму има интерес од Пари Сен Жермен и клубови од Саудиска Арабија.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Ливерпул сѐ уште продолжува да преговара и со тројцата главни играчи со договори кои истекуваат – Салах, Ван Дајк и Александер-Арнолд, но засега клубот не објавил дека постигнал договор со ниту еден од нив.
Доскоро се сметаше дека еден од главните проблеми е рокот на договорите на првите двајца играчи, кои имаат по 32 и 33 години, соодветно. За десниот бек пак се тврди дека тој веќе решил да се пресели во Реал Мадрид.
Салах игра извонредна сезона и веќе има 23 гола и 14 асистенции само во Премиер лигата, и според многумина тој се наметнува како главниот фаворит за “Златната топка” оваа година. Египќанецот и во моментот е најплатениот играч на Ливерпул.