Дома Останати Тенис Големо шоу за крај на годината: Сабаленка ќе игра против Кирјос!

Големо шоу за крај на годината: Сабаленка ќе игра против Кирјос!

Вистински тениски спектакл не очекува на самиот крај од оваа година. Во Дубаи, на 28 декември, ќе ги видиме Арена Сабаленка и Ник Кирјос лице в лице.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Станува збор за меч од серијалот “Битка на половите”, кој се одржува уште од 1973 година и претставува дуели помеѓу најдобрите тенисерки и тенисери.

Сабаленка, моментално најдобрата тенисерка на светот, ќе се соочи со Кирјос, кој е на 652. место на ATP листата.

Интересно, двајцата се сметаат за најдобри сервери во своите категории, така што публиката во Кока-Кола Арената ќе ужива во вистински спектакл.

Серијалот “Битка на половите” започна во далечната 1973 година, кога се соочија Маргарет Корт и Боби Ригс, а победата ја однесе американскиот тенисер со резултат 6:2, 6:1.

Без сомнение, најпознатите дуели беа тие помеѓу Мартина Навратилова и Џими Конорс (5:7, 2:6), Жустин Енен и Јаник Ноа (6:4, 4:6: 6:7), Ли На и Новак Ѓоковиќ (3:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…