Дома Останати Кошарка Јанис од тешка ситуација донесе победа на Милвоки со звукот на сирената (Видео)

Јанис од тешка ситуација донесе победа на Милвоки со звукот на сирената (Видео)

Јанис Адетокумбо повторно покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари на денешницата. Грчкиот ас му донесе победа на Милвоки Бакс против Индијана Пејсерс со резултат 117:115, и тоа со неверојатен шут при звукот на сирената!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последните моменти од натпреварот, Адетокумбо ја „заледи“ одбраната на Пејсерс – со грб свртен кон кошот, ја спушти топката на левиот лакт, се сврте и од тешка позиција, преку раката на Арон Несмит и Исаија Џексон, погоди за победа! Топката високо полета, прелета над блокадата и незапирливо помина низ обрачот.

Со оваа победа, Милвоки го продолжи добриот серијал, додека Индијана, минатогодишниот шампион на Истокот, падна на скор 1:6 и веќе петти пат изгуби натпревар со разлика помала од шест поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…