Дома Фудбал Анчелоти го подели Бразил околу Нејмар, критики и за Винисиус поради конфликтот со Алонсо

Анчелоти го подели Бразил околу Нејмар, критики и за Винисиус поради конфликтот со Алонсо

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Карло Анчелоти го објави списокот на играчи на кои смета за пријателските натпревари против Сенегал и Тунис, а на него повторно не се најде името на Нејмар, кој неодамна се врати на терените во дресот на Сантос по повеќенеделна пауза поради повреда на бутиниот мускул.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Веќе неколку месеци трае сагата дали Нејмар ќе се врати во националниот тим на Бразил и ќе настапи на Светското првенство следната година, а како што минува времето, се појасно е дека поранешниот играч на Барселона и Париз Сен Жермен ќе мора да има и среќа за да се најде на списокот на Анчелоти.

Меѓу повиканите е и Винисиус Жуниор, кој беше критикуван од Анчелоти за несоодветна реакција при замената од страна на тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, во дуелот против Барселона.

„Имаме одлични односи со Винисиус и кога нешто се случува, го разговараме. Разговарав со Винисиус за инцидентот и реакцијата што ја предизвика. Му реков дека погрешил. Се извини и приказната беше завршена”, рече Анчелоти.

Бразил ќе ги одигра двата пријателски натпревара дома. Прво ќе го пречекаат Сенегал во сабота, 15 ноември, а потоа три дена подоцна и селекцијата на Тунис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тепачката во Реал ја запачати судбината на Арбелоа, Перез бил шокиран од неговото однесување!

Инцидентот меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени на вчерашниот тренинг на Реал Мадрид и…