Дома Останати Тенис Сабаленка ја понижи Гоф, но Американката не ѝ остана должна

Сабаленка ја понижи Гоф, но Американката не ѝ остана должна

Арина Сабаленка во финалето на Ролан Гарос ја совлада Коко Гоф, резултатот беше 2:1, но по мечот Белорусинката ја навреди противничката.

Првата тенисерка на светот беше фаворит, но по пресврт Американката славеше.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сабаленка по мечот даде изјава која ги разбуди страстите, спомнувајќи ја и Ига Швионтек.

– Боли. Особено бидејќи играв одличен тенис во текот на две недели. Играв против тешки противници, олимписки шампионки, Ига… А, потоа излегувам на терен и играм навистина лошо во финалето. Не знам. Ми се чини дека Ига ме победи пред неколку денови, за да излезе на терен и победи. Искрено, боли – рече Сабаленка по поразот и уште еднаш потврди дека нема милост кон противниците дури ни надвор од теренот, како што неодамна кажа за себе.

Американката сепак не ѝ остана должна. Гоф смета дека заслужено дојде до втората гранд слем титула.

– Не се согласувам со тоа. Не сум во сенка на Ига или ништо слично, но играв против неа и ја победив во три сета. Не мислам дека е фер да се каже, бидејќи навистина се може да се случи. Искрено, судејќи според начинот на кој играше Арина последните неколку недели, таа беше фаворит. Би рекла дека е најподготвена тенисерка против која можев да играм во финалето. Бидејќи е број еден во светот, таа беше најдобрата тенисерка за овој меч. Мислам дека го добив најтешкиот меч само ако се осврнете на статистиката – кажа Коко, која пред две години во финалето на Ју-Ес Опен исто така ја победи Арина и тогаш ја освои првата гранд слем титула во кариерата.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Teнисер доживеа шок – доби суспензија на 20 години!

Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) соопшти дека францускиот тенисер Кв…