
Новата ВТА листа не донесе големи промени на врвот, но водечките две тенисерки – Арина Сабаленка и Ига Швјонтек, добија удар врз бодовите. Не се работи за одземање поени!
Имено, новото правило на WTA турот постави услов за минимум шест турнири од серијата 500. Арина Сабаленка досега настапи само на три, додека полската тенисеерка учествуваше на четири турнири во својата сезона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Како резултат, Арина Сабаленка изгуби 520 поени, а Ига Швјонтек 508 поени, утринава се разбудија со значително намален број бодови крај нивните имиња.
Причината за воведувањето на ова правило е загриженоста на челните лица дека малкуте поени и наградниот фонд ќе ги спречат најголемите ѕвезди да учествуваат на споменатите турнири. Единствената можност за избегнување на казна се повреди и неможност за играње, додека за сè друго следува губење бодови.
ATP има слично правило, но таму казната е различна. На тенисерите не им се одземаат поени, но им се намалува финансискиот бонус.