Дома Останати Тенис Руското чудо од дете доминира во тенисот: Андреева ја исфрли втората тенисерка во светот

Руското чудо од дете доминира во тенисот: Андреева ја исфрли втората тенисерка во светот

Големо изненадување направи Мира Андреева на турнирот во Дубаи. Сè уште малолетната Русинка ја совлада Ига Швјонтек со 2-0, со сетови 6:3, 6:3 и стана најмладата учесничка во полуфиналето на овој турнир од неговото основање.

Со 17 години и 297 дена таа ја забележа првата победа против втората тенисерка во светот во нивниот втор меѓусебен дуел. Причината за тоа, стана најмлада тенисерка од 2007 година со пет победи против најдобрите десет, откако претходно таков подвиг направи Никола Ваидисова со 17 години и 273 дена истиот период.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Претходно во текот на турнирот Андреева ги порази Пејтон Стернс, Маркета Вондрушова и Елина Аванесјан. Во полуфиналето ќе игра против подобрата од дуелот помеѓу Елена Рибакина и Софија Кенин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер го врати тренерот по аферата со допинг

Јаник Синер одлучи во својот тим да го вклучи Умберто Ферара, кондиционен тренер и човек к…