Дома Останати Тенис Швјонтек го нападнала новинарот на Ју-Ес Опен (Видео)

Швјонтек го нападнала новинарот на Ју-Ес Опен (Видео)

Полската тенисерка Ига Швјонтек имаше расправија со новинар на Ју-Ес Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швјонтек беше елиминирана во четвртфиналето од Аманда Анисимова со 6:4, 6:3, но инсистираше дека не е преморена.

„Не знам, не ми се чини дека претходните натпревари тука беа исцрпувачки”, изјави Ига.

Новинарот потоа ја запраша Ига дали ѝ е потребен ментален одмор.

„Зошто го кажавте тоа?”, запраша Ига и доби контра-прашање дали смета дека има многу натпревари во низа и дали се радува на пауза.

„Тогаш разговарајте со луѓето кои го прават распоредот овде. Дали вам ви треба ментален одмор. Изгледате како да ви е потребен”, рече Ига.

„Да, изгледа така”, одговори новинарот.

„Па што тогаш правите тука?”, инсистираше Ига.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе ги памети овие зборови од Надал до крајот на животот

Ривалството помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал е едно од најголемите во историјата на тен…