Дома Останати Тенис Втората светска тенисерка остана шокирана: Полски новинар го постави најглупавото прашање на УС Опен (Видео)

Втората светска тенисерка остана шокирана: Полски новинар го постави најглупавото прашање на УС Опен (Видео)

Полската тенисерка и втората најдобра на планетата, Ига Швјонтек имаше тешка борба, но сепак ја совлада Сузан Ламенс со 2-1, со сетови 6:1, 4:6, 6:4, стигнувајќи до пласман во третото коло на УС Опен. По холандската противничка, за неа следи дуел со Русинката Ана Калинскаја, која лесно се справи со Казахстанката Јулија Путинцева со 2-0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Швјонтек ја прескокна комплицираната пречка, но останува да видиме дали ќе ја помине и следната конференција за медиуми. Веќе некое време, таа е под притиок од некои полски новинари, што кулминираше по натпреварот со Ламенс.

По темелната дискусија за случувањата на натпреварот помеѓу Јелена Остапенко и Тејлор Таунсенд, полски новинар беше заинтересиран дали Швјонтек ќе носи бисери на косата, како Наоми Осака. Швјонтек реагираше бурно.

– Какво е ова прашање, ве молам? Дали сакам да ставам бисери на косата? Не. Што се случува тука – праша зачудено Швјонтек.

Пред ова, се водеше жешка расправа за потезите на Остапенко насочени кон Таунсенд, а беше истакнато дека не може да се суди човек врз основа на еден настан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ на добро познато место се подготвува за Вимблдон

Новак Ѓоковиќ не се задржа во Париз по испаѓањето од Ролан Гарос, туку замина на добро поз…