Дома Фудбал Руски спортист осуден на три години затвор затоа што го шпиунирал Путин

Руски спортист осуден на три години затвор затоа што го шпиунирал Путин

Рускиот хокеар Максим Сергејев (21) е осуден во Полска поради шпионажа и ќе мора да помине три години во затвор. Сергејев професионално играл за полскиот ОКС Заглембие Сосновјец во втората јуниорска лига, а беше уапсен во јуни 2023 година и оттогаш е во притвор. Сергејев шпионирал и фотографирал полски и НАТО локации, вклучувајќи и фабрика за воена опрема.

L’Equipe пишува дека Сергејев бил таен агент и приказната содржи филмски елементи. Сергејев, значи, пред повеќе од три години и пред почетокот на војната во Украина заминал во Полска со цел да стане професионален хокеист. Не успеа да се наметне во сениорскиот тим, па беше префрлен во јуниорскиот состав, а во 2023 започна да работи како доставувач на храна за да заработи доволно.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Еден руски разузнавач го регрутирал на Телеграм и потоа Сергејев на социјалните мрежи почнал да објавува проруски политички содржини. Сергејев примил уплата во криптовалути, а подоцна се приклучил на руска група од 16 луѓе со намера да саботираат воз кој превезувал оружје и хуманитарна помош за Украина за 10 илјади евра. Тој се изјасни за виновен и ќе биде депортиран во Русија во мај 2025 година, кога ќе му истече казната од две години и 11 месеци. Во моментов е во затвор во Лублин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …