Барселона загуби на својот „Монжуик“ од Леганес со резултат 1:0 во 17. коло на Ла Лига.
Така Каталонците ја пропуштија шансата да го искористат киксот на Реал Мадрид против Рајо Ваљекано (3:3) и повторно да ја зголемат предноста на првото место.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Киксот на Барселона особено го развесели Антонио Рудигер (31), кој беше снимен како се смее на Барселона и покажува на мобилниот резултатот од натпреварот, односно потврда за победата на Леганес.
Rudiger laughing at Barca’s loss 😭😭😭😭
— 🌴 (@Camaverde_) 16 декември 2024
pic.twitter.com/L6XJQcnZ6k
Во следното коло Барселона го пречекува Атлетико Мадрид, кој има ист број бодови како и Барселона, но со натпревар помалку одигран. Реал е домаќин на Севиља и има бод помалку од Барселона и Атлетико, но и натпревар помалку од Барселона. По шокантниот пораз од Леганес постои шанса Барселона да падне и на третото место. Тимот на Ханси Флик во последните пет натпревари од Ла Лига освои пет бодови.