Дома Фудбал Роналдо тргна кон Шпанците, а потегот на Де Ла Фуенте ќе се памети засекогаш (Видео)

Роналдо тргна кон Шпанците, а потегот на Де Ла Фуенте ќе се памети засекогаш (Видео)

Фудбалската репрезентација на Португалија ја освои Лигата на нации откако вчера вечер, по изведување пенали, ја победи Шпанија во финалето на Алијанц Арена. По натпреварот, шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте беше во центарот на вниманието поради она што го направи кога му се приближи Кристијано Роналдо.

Во Минхен сведочевме на фантастичен дуел каде што Шпанците двапати имаа предност, но на крајот Португалците беа тие што ја остварија победата.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Црвената фурија водеше со головите на Зубименди и Ојарсабал, но Нуну Мендеш и Кристијано Роналдо успеаја да ги задржат Португалците во игра и на крај го однесоа натпреварот во продолженија.

Ниту по дополнителните 30 минути резултатот не се промени и на семафорот остана 2:2, па победникот на Лигата на нации беше одреден по пенали.

Роналдо покажа величина бидејќи по средбата се обрати кон екипата на Шпанија за да му честита на сите играчи, но она што го направи Де ла Фуенте беше особено впечатливо.

Селекторот на Шпанија имаше долг прегратка со Роналдо на кој му честиташе за освојувањето на титулата, а наводно му кажал и неколку реченици како се восхитува на неговата кариера.

Овој потег беше снимен од еден од навивачите од трибините, па видеото стана вистински хит на социјалните мрежи.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан продаде стопер за 40 милиони и веднаш купи соодветна замена!

Игли Таре, директорот на Милан успеа да го продаде стоперот за 40 милиони евра и да купи с…