Дома Фудбал Роналдо сака да игра со синот пред пензија?

Роналдо сака да игра со синот пред пензија?

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо вчера го прослави својот јубилеен 40. роденден.

Сегашниот фудбалер на саудискиот Ал Наср поводот го искористи за интервју за „Канал 11“ и зборуваше на многу теми, а една од најинтересните беше потенцијалното играње заедно со својот син Кристијано јуниор.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Овој потфат го оствари легендарниот кошаркар Леброн Џејмс со својот син Брони, но синот на Роналдо има само 14 години, што значи дека Кристијано ќе треба уште да почека.

„Би сакал, навистина би сакал, но тоа не е нешто на коешто размислувам навечер кога легнувам да спијам, но би сакал. Ќе видиме. Тоа повеќе зависи од него отколку од мене. Годините минуваат, и јасно е дека еден ден, кога ќе дојде времето, ќе престанам да играм… Ќе дојде време кога навистина нема да биде возможно да играм повеќе. Не само заради физички и психолошки причини, туку мислам дека повеќе нема да биде толку голема опсесија. Тој (Кристијано јуниор) ќе го следи својот пат. Јас ќе бидам горд татко, ќе бидам горд со она што ќе го направи. Ако игра фудбал – одлично. Ако не игра, нема да жалиме бидејќи се обидовме. Во секој случај, неговиот татко се потруди”, рече Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер сензација: Интер покажува интерес за Донарума

Италијанските медиуми откриваат дека Интер сериозно е заинтересиран за италијанскиот репре…