Дома Фудбал Роналдо објави фотографија од теретана и предизвика бура (Фото)

Роналдо објави фотографија од теретана и предизвика бура (Фото)

Кристијано Роналдо наскоро ќе го прослави својот 41. роденден, но сѐ уште останува посветен на тренинзите како на почетокот од својата кариера.

Познатиот португалски фудбалер низ целата своја кариера е во завидна физичка форма, и токму заради своите извонредни физички предиспозиции, работна етика и талент, Роналдо си обезбеди место меѓу најголемите имиња во историјата на фудбалот, заедно со Лионел Меси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дека и во петата деценија од животот продолжува интензивно да тренира секојдневно покажа со најновата фотографија на Instagram, со која ги воодушеви своите обожаватели.

Роналдо позираше во боксерки во својата теретана, а под фотографијата напиша: “по сауна”.

Неговото извајано тело, на кое се забележуваат сите мускули, веднаш го привлече вниманието на сите фанови, па не е изненадување што фотографијата за неколку минути собра милион лајкови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерски „земјотрес“ во Премиер лигата – Андони Ираола?

Андони Ираола ги брои последните месеци на клупата на Борнмут, а неговиот следен клуб може…