Дома Фудбал Останато Роналдо: Мбапе не знае да игра како напаѓач

Роналдо: Мбапе не знае да игра како напаѓач

Кристиано Роналдо го предупреди Килијан Мбапе дека ќе му биде тешко да се прилагоди на новата позиција.

По преселбата во Реал Мадрид, Французинот играше во центарот на нападот, а во Пари Сен Жермен најчесто беше крило. Роналдо ја направи истата транзиција во една фаза од кариерата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Го сакам Килијан Мбапе, тој е голем фудбалер. Реал Мадрид, грижи се за него, тој ќе ви донесе многу радости. Напаѓачката позиција малку ја комплицираше ситуацијата на Мбапе бидејќи тој не знае да игра како напаѓач. Тоа не е негова позиција“, изјави Роналдо.

„Од време на време го гледам Реал Мадрид бидејќи син ми Матео го сака Мбапе. Грижете се за Мбапе, упатувам порака до фановите на Реал Мадрид. Грижете се за него, грижете се за овој млад човек бидејќи тој е многу добар играч и Реал Мадрид мора да го заштити“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …