Дома Фудбал Роналдо ќе биде суспендиран за првите два натпревари од Светското првенство? (Видео)

Роналдо ќе биде суспендиран за првите два натпревари од Светското првенство? (Видео)

Кристијано Роналдо доби прв црвен картон во својата репрезентативна кариера долга 226 натпревари. Тој беше исклучен за време на квалификацискиот пораз за Светското првенство 2026 против Република Ирска (2:0). Во 60-тата минута од фрустрација со лакт удри Дара О’Шеа. Доби жолт картон, а по преглед на снимката одлуката беше променета на црвен.

За Португалците, престојот на Роналдо на теренот беше неопходен бидејќи во моментот на исклучувањето губеа со 2:0. Двата гола на Троја Парот на крајот им пресудија на стадионот Авива. Иако петкратниот освојувач на Златната топка низ годините знаеше да ги изгуби нервите, досега никогаш нема добиено црвен картон во дресот на репрезентацијата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Роналдо сигурно ќе ја пропушти последната квалификациска утакмица против Ерменија во недела. Останува да се види колкава ќе биде конечната суспензија, бидејќи поради насилничко однесување може да добие казна до три натпревари.

Дисциплинскиот правилник на ФИФА наложува суспензија од „најмалку три натпревари или соодветен временски период за напад, вклучувајќи удир со лакот, удар со рака, удар со нога, гризење, плукање или удирање противник или лице кое не е службено лице на натпреварот”.

За неговата судбина ќе одлучува дисциплинската комисија. Ако добие забрана од три натпревари, Роналдо може да ги пропушти воведните натпревари на Португалија на Светското првенство следното лето. Со оглед на тоа што легендарниот напаѓач, кој во февруари ќе наполни 41 година, потврдил дека СП 2026 ќе му биде последниот голем турнир, се надева дека казната ќе биде што е можно поблага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луди сцени во Ангола: Меси дочекан како божество (ВИДЕО)

Аргентина, актуелен светски шампион, ќе одигра во петок во 17 часот пријателски натпревар …