
Во третото четвртфинале добивме и трет тим од Саудиска Арабија кој ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампиони на Азија.
Тоа ќе биде по Ал Хилал и Ал Ахли (кои ќе се сретнат во првото полуфинале во Џеда) тимот Ал Наср.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Кристијано Роналдо и неговите соиграчи вечерва без никакви проблеми ја совладаа Јокохама со резултат 1:4, а веќе по првите 45 минути беше јасно дека тимот од Саудиска Арабија ќе им нанесе пораз на Јапонците.
Цели 27 минути издржаа фудбалерите на Јокохама, а потоа Ал Наср тргна многу силно, Дуран, Мане и Кристијано Роналдо беа стрелци, Дуран на почетокот од второто полувреме го реши прашањето на победникот, а поразот на својот тим го ублажи Ватанабе во 53-та минута.
Победникот од дуелот Кавасаки (Јапонија) и Ал Сад (Катар) ќе се сретне со Ал Наср.
Инаку, од четвртфиналето сите натпревари се играат во Џеда во форматот топ 8.
Фото: Принтскрин