Дома Фудбал Роналдо е машина – постигна ист број погодоци пред и по 30 години! (Видео)

Роналдо е машина – постигна ист број погодоци пред и по 30 години! (Видео)

Кристијано Роналдо продолжува да доминира во саудиското првенство, а неговата голгетерска магија не изостана ниту на вечерашниот натпревар меѓу Ал Наср и Шабаб, кој заврши со резултат 2-2. Португалската ѕвезда повторно беше во центарот на вниманието, постигнувајќи уште еден фантастичен погодок.

Иако помошниот судија сигнализираше офсајд и првично голот беше поништен, ВАР-технологијата потврди дека се работи за регуларен погодок, овозможувајќи му на Роналдо да го прослави својот 926. гол во кариерата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тоа што дополнително ја прави оваа статистика неверојатна е фактот што со овој погодок, Роналдо го израмни бројот на голови што ги постигнал до 30-годишна возраст (463) со оние што ги има постигнато од својот 30. роденден па сè до денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…