Дома Фудбал Родителите од Шкупи кои тепаа деца во Штип само ги заштитувале своите?!

Родителите од Шкупи кои тепаа деца во Штип само ги заштитувале своите?!

По реакциите на Брегалница, МВР и Фудбалската Федерација во Македонија за скандалот кој се случи денеска во Штип се огласија и одд редовите на Шкупи.

Од Чаир во своето соопштение велат дека родителите сакале да ги заштитат своите деца.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ние како клуб сме длабоко загрижени од клеветите и неточните прикажувања што некои медиуми во Македонија ги прават во врска со нашиот клуб и, пред сè, со нашите деца.
Најпрво, изразуваме жалење за тоа што се случи на денешниот натпревар во Штип и категорично ја осудуваме насилството. Фудбалот нема и не смее да има место за насилство. Насилството е надвор од фудбалот.

Нашиот клуб со години е посветен на спортското и општественото воспитување на децата. Во соработка со тренерите и родителите организираме предавања речиси секој месец за фер-плеј однесување, почитување и коректност – суштински принципи за развојот на нашите деца.

Во денешниот инцидент, важно е да се разбере дека интервенцијата на родителите се случи единствено за да ги заштитат своите деца и да спречат ескалација на ситуацијата. Не постоела никаква друга позадина.

Со ФК Брегалница имаме многу добри односи и се надеваме дека овој инцидент никогаш повеќе нема да се повтори. Ќе работиме уште повеќе за да не доаѓа до вакви ситуации, особено во младинските категории, каде што фудбалот треба да остане само игра и радост за децата.

Фудбалот нè обединува – не нè дели.

Ќе потсетиме, во инцидентот две деца од редовите на Брегалница се здобиле со потешки повреди, како скршеница на ногата и повредди на главата. За случајот ФФМ отвори дисциплинска постапка против клубот, а од МВР најавија и дека ќе бидат поднесени кривични пријави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше голема надеж на португалскиот фудбал, а сега ќе игра на Балканот!

Играчот на Пари Сен Жермен, Ренато Санчез, ќе продолжи да игра до крајот на сезоната како …