Дома Фудбал Рио Фердинанд: Има денови кога морам да ги поминувам во болница или во инвалидска количка

Рио Фердинанд: Има денови кога морам да ги поминувам во болница или во инвалидска количка

Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, откри дека поради сериозни проблеми со грбот, кои се последица од неговата играчка кариера, понекогаш мора да користи инвалидска количка и редовно завршува во болница. Фердинанд, кој денес има 47 години, минатата година се пресели со сопругата Кејт во Дубаи каде што се соочува со болните последици од кариерата во која одигра речиси 600 натпревари.

Иако на новите фотографии за едно списание изгледа како да е во врвна форма, Фердинанд призна дека повредите што ги игнорираше со години сега го стигнуваат. Со години користеше инекции и таблети против болка за да може да игра, а проблеми има и денеска.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Веќе долго време имам проблеми со грбот. Влечам повреди од кариерата. Шест години играв со таблети и инекции. Тоа остави последици. Имам тешки периоди со грбот кога морам да поминам неколку дена во болница или во инвалидска количка. Лудо е, но болката едноставно се појавува од никаде”, рече.

Фердинанд и претходно зборуваше за физичките проблеми што го мачеа пред крајот на кариерата, признавајќи дека жали што не се пензионира во Манчестер Јунајтед наместо да одигра една сезона во Квинс Парк Ренџерс. Се надеваше дека кариерата ќе ја заврши во добар стил во роден Лондон, но таа сезона се претвори во кошмар. Одигра само 11 лигашки натпревари борејќи се со формата и повредите, а КПР испадна од лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажно: Победа мака мачи да не згасне – нема да игра во Втора лига

Eден од нашите најпознати фудбалски клубови, прилепска Победа минува низ тежок период во к…