Дома Фудбал Ричардс удри по Аморин: Околу негo е хаос, не знае што прави!

Ричардс удри по Аморин: Околу негo е хаос, не знае што прави!

Мика Ричардс смета дека изјавите на Рубен Аморим во медиумите само му го отежнуваат работењето на клупата на Манчестер Јунајтед, особено по нивниот последен пораз во Премиер лигата.

Мика Ричардс верува дека коментарите на Рубен Аморим во медиумите станаа пречка за неговата кариера на клупата на Манчестер Јунајтед.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Според него, изјавите што португалскиот менаџер ги даде по последниот пораз од Тотенхем само придонесуваат за создавање уште поголема конфузија во тимот.

Јунајтед во неделата беше поразен со 1:0 од Тотенхем, што е нивниот 12-ти пораз во оваа сезона на Премиер лигата, најмногу во последниве 30 години.

Џејмс Медисон го постигна единствениот гол на натпреварот во 13-та минута по грешка на Андре Онана. Иако имаа неколку шанси за израмнување, Јунајтед не успеа да го пронајде вистинскиот завршен удар, а поразот ги стави дури на 15-то место на табелата.

По натпреварот, Аморим повторно нагласи колку е тешка неговата задача и како ова беше неговиот деветти пораз од кога ја презеде екипата во ноември.

Мика Ричардс, поранешен играч на Манчестер Сити, не се согласи со тие изјави, истакнувајќи дека Аморим со своите зборови во медиумите само ја влошува ситуацијата.

Зборувајќи на подкастот The Rest is Football, Ричардс изјави: „Кога рече дека ова е најлошиот тим во историјата на Јунајтед, што и да биле неговите зборови, тој не разбира дека тоа ќе биде наслов секој пат. Ако не му се допаѓа некој играч, ако не му се допаѓа Рашфорд, тоа е неговата одлука. Како експерти можеме да го прифатиме тоа, тоа е твое право, го почитуваме твојата одлука.“

„Но сето останато околу тоа само му отежнува ситуацијата. Тој не разбира што прави бидејќи сè околу него е хаос. Целосен хаос“, додаде Ричардс.

Аморим не е познат по тоа да бира зборови во јавните настапи, често грубо го оценува својот тим во пост-матч интервјуа и прес-конференции.

По поразот од Брајтон минатиот месец, рече дека неговиот тим „можеби е најлошиот во историјата на Манчестер Јунајтед“.

Оваа остра изјава предизвика големо внимание во медиумите, а подоцна 40-годишниот менаџер призна дека погрешил во своите зборови и дека фрустрациите го нагнале да изговори нешто што не го мислел.

Исто така, Аморим беше критикуван поради односот кон Маркус Рашфорд, кој го изостави од тимот пред играчот да го напушти клубот на позајмица во Астон Вила за време на зимскиот трансфер период. Аморим јавно ја доведе во прашање неговата посветеност на тренинзите, велејќи дека ќе мора драстично да го промени својот став ако сака да се врати во тимот.

Ричардс сега смета дека Аморим со своите постапки создава приказни што не се потребни, посебно сега кога Јунајтед е во сериозна криза.

„Го спомнавте Спортинг Лисабон, можете да кажете што сакате кога победувате, но без никакво непочитување кон Спортинг, тие не се на исто ниво на клуб како Манчестер Јунајтед“, продолжи Ричардс.

„Мислам дека треба да се фокусира на фудбалот, не сакам да кажам само тоа, но да престане да дава материјали за луѓето за поголеми приказни од што тоа треба да биде“, заклучи Ричардс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук го избрка, а Перишиќ постави рекорд во ЛШ: Вакво нешто не направил никој друг!

Фудбалерите на ПСВ синоќа по продолженија го елиминираа Јувентус со вкупни 4:3 и се пласир…