Дома Фудбал Револуција во фудбалот: Навивачите за првпат ќе гледаат натпревар со вируталена реалност

Револуција во фудбалот: Навивачите за првпат ќе гледаат натпревар со вируталена реалност

Навивачите на Барнли ќе можат да заземат свое место на Турф Мур и да ја следат пријателската средба против екипата на Лацио, без потреба да ги напуштат своите домови.

Англискиот премиерлигаш ќе биде првиот фудбалски клуб на светско ниво кој ќе пренесува натпревар преку виртуелна реалност, овозможувајќи им на навивачите со слушалки да следат директен аудио-пренос од Источен Ланкашир, без оглед на тоа каде на светот се наоѓаат.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во проектот што многумина го сметаат за потенцијална револуција во начинот на кој луѓето го следат фудбалот, Кларетс се здружија со VR експерти за да имплементираат она што го нарекуваат, импресивно виртуелно пренесување на нивниот натпревар, прв од својот вид.

Тие што сакаат да го гледаат натпреварот, а не можат да дојдат на стадионот, треба само да користат VR очила. Пред почетокот на натпреварот ќе добијат „место на стадионот“ со панорама поглед на теренот. Оваа понуда вклучува и коментар во живо и реален аудиозвук од стадионот.

Од Барнли изјавуваат дека оваа иницијатива сместува клубот „во првите редови на ангажманот на навивачите и дигиталните иновации во фудбалот“.

Оние кои сакаат виртуелно да го следат почетокот на натпреварот во 15 часот треба да имаат слушалки Meta Quest и апликација Premier League Player.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Распад-систем на Јунајтед на гости кај Сити (Видео)

Манчестер Сити извојува убедлив триумф во големото градско дерби, совладувајќи го Манчесте…