Дома Фудбал Решено е: Ла Лига прави исклучок за Барселона за стадионот

Решено е: Ла Лига прави исклучок за Барселона за стадионот

Иако сè уште не е официјално, Барселона ќе ги започне домаќинските натпревари за сезоната во Ла Лига на стадионот „Јохан Кројф“ на својата база.

Таму вo недела вечер ќе се игра натпреварот од четвртиот круг против Валенсија. Тоа сепак е само привремено решение, откако шампионите не успеале да добијат на време дозвола од Општина Барселона за враќање на „Спотифај Камп Ноу“, кој е во процес на реновирање што сепак се одложува.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според правилата, клуб од Ла Лига нема право да биде домаќин на стадион со капацитет помал од 8000 седишта. „Јохан Кројф“ собира само 6000 гледачи, но од лигата се согласија на исклучок.

Изборот на „Јохан Кројф“ стави крај на недели неизвесност, во кои клубот се бореше да се врати на „Камп Ноу“ со намален капацитет од 27.000 гледачи. Тоа сепак се покажа за невозможно, бидејќи не беше добиен сертификат за почетна експлоатација на првата фаза, и покрај обидите во последен момент за проценка на технолошката подготвеност на стадионот.

Другата алтернатива беше олимпискиот стадион „Луис Компани“, но оваа опција одамна отпадна поради неможноста да се гарантира дека тревната покривка ќе биде во добро состојба по концертот на Post Malone на 12 септември. Освен тоа, можно е отстранувањето на сцената да се одложи и така да го попречи подготвувањето за натпреварот.

По овој натпревар, Барса ја очекува гостување на Њукасл (18 септември) во Лигата на шампионите, потоа следува ново домаќинство во шпанското првенство против Гетафе (21 септември).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави р…