Дома Фудбал Ремонт во Чаир: Шкупи го прекина договорот со двајца фудбалери

Ремонт во Чаир: Шкупи го прекина договорот со двајца фудбалери

Поранешниот македонски шампион Шкупи објави дека ја прекинува соработката со двајца свои фудбалери, Алекс Златков и Михал Пинтер.

Алекс Златков, кој пристигна во Чаир во летото 2022 година од словенечкиот клуб Триглав, одигра неколку значајни натпревари, но неговото време во тимот се покажа како ограничено. Од друга страна, Михал Пинтер стана дел од тимот една година подоцна, кога се приклучи од словачкиот Вион. И покрај очекувањата за значителен придонес, и тој заминува како дел од реорганизацијата на тимот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ова се првите чекори од нашата стратегија за трансфер-периодот. Во следните денови ќе следат дополнителни промени, за кои јавноста ќе биде благовремено информирана“, соопштија од клубот од Чаир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …