Дома Фудбал Ремек-дело кое не здосадува: Избран најубавиот гол за изминатата сезона (Видео)

Ремек-дело кое не здосадува: Избран најубавиот гол за изминатата сезона (Видео)

На денешната церемонија на ФИФА “The Best” беше прогласен и најдобриот гол за минатата сезона, а согласно очекувањата, Пушкаш наградата ја доби фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо.

Гарначо ја доби наградата за најубавиот гол на сезоната поради мајсторијата што ја изведе против Евертон во англиската Премиер лига.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Станува збор за гол кој Аргентинецот го постигна на спектакуларен начин со ножички на Гудисон Парк на 26 ноември минатата година. Всушност, беа тоа совршено изведени ножички во кои ги покажа акробатските способности.

Гарначо победи во конкуренција од вкупно 12 убави погодоци што беа постигнати минатата сезона (од летото 2023 до летото 2024 година).

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид прави гранитна одбрана

Флорентино Перез ги одреди целите за иднината на Реал Мадрид, а Чаби Алонсо јасно нагласи …