
Турскиот репрезентативец Арда Гулер најверојатно ова лето ќе го смени клубот затоа што Реал Мадрид сака да го испрати на позајмица и веќе му нашле нова дестинација. Но, Турчинот не се согласува со одлуката на клубот и јасно ја изрази својата желба каде сака да оди.
Се очекуваше дека Арда Гулер оваа сезона под водство на Карло Анчелоти ќе има многу повеќе простор за игра затоа што ги воодушеви сите со своите настапи во завршницата од минатата сезона, а и на Европското првенство во дресот на Турција.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Поради тоа, тој реши да остане во Реал иако се шпекулираше дека и оваа сезона би можел да оди на позајмица. Сепак, Гулер доби каква-таква минутажа на почетокот од сезоната, но како што таа напредуваше, играше сè помалку.
Шпанските медиуми веќе некое време пишуваат дека Гулер е незадоволен од статусот и минутажата во Реал Мадрид и дека му пречи што Анчелоти не смета на него посериозно.
Гулер не доби шанса ниту кога Реал се мачеше со повреди, што за него беше јасен знак дека време е на лето да оди на позајмица за да се докаже.
И во Реал се свесни дека тоа е веројатно најдобрата опција за следната сезона, и како што објави Marca, веќе му нашле нов клуб на турскиот репрезентативец.
Пред неколку дена се појави информација дека Реал и Франкфурт преговараат околу позајмицата на Гулер и дека во Мадрид немаат ништо против Турчинот следната сезона да настапува во Бундеслигата.
Сепак, таквата опција не го воодушевила Гулер кој јасно изјавил дека не сака да оди во Франкфурт и смета дека може да оди во некој подобар клуб каде ќе игра на високо ниво во следната сезона.
Шпанските медиуми пишуваат дека неговата желба е да оди во Италија бидејќи не е тајна дека за него интерес покажале Милан и Интер.
🚨 Арда Гулер сака да го напушти Реал Мадрид бидејќи продолжува да се мачи со игровно време, додека Интер и Милан се заинтересирани за 20-годишниот играч.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 12, 2025
(Извор: @SPORT) pic.twitter.com/j4idP29LyL
Гулер е особено привлечен од поканите на клубовите од Милано, а наводно, Хакан Чалханоглу настојува да го убеди да го избере Интер, што воопшто не е невозможна мисија.