Фудбалерите на Реал Мадрид денес гостуваат кај екипата на Виљареал, која традиционално не им лежи во поновата историја.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Верувале или не, во последните девет гостувања во Ла Лига, Реал Мадрид има само една победа, со шест нерешено и два порази.
И уште еден податок за неверување е дека Реал последен пат како гостин славеше на 26 февруари 2017 година кога беше 2:3. За Реал Мадрид тогаш погодија Герет Бејл и Кристијано Роналдо од пенал, а на клупата седеше Зинедин Зидан.
Реал Мадрид славеше јануари 2023 година како гостин, но во Купот на кралот, во лигашките натпревари, Виљареал е нивна слаба точка.
Виљареал е петти на табелата со 44 бода и се бори за пласман во Лигата на шампионите, додека Реал Мадрид има 57 бода, исто колку и лидерот Барселона.
Натпреварот Виљареал – Реал Мадрид е закажан за 18.30 часот.