
Реал Мадрид ова лето беше особено активен на пазарот кога станува збор за нови засилувања, а како што стојат работите, челниците на овој клуб го обезбедија уште едно звучно име.
Веќе се знае дека Кралевите сакаат да ја засилат одбраната и дека на листата на желби имаат неколку имиња, но чини се дека е јасно на кого падна изборот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Станува збор за францускиот репрезентативец Ибрахима Конате кој веќе неколку сезони игра за Ливерпул и како што стојат работите неговата следна дестинација ќе биде Реал Мадрид бидејќи повикот од овој клуб едноставно не може да се одбие.
Единствената непозната е дали неговото доаѓање во Реал ќе биде завршено ова или следното лето, и изгледа дека и тука работите се нешто појасни.
Конате веќе прифати повик од Реал и е волен веќе ова лето да замине од Ливерпул, но Кралевите не се премногу расположени да платат за него 25 милиони евра колку што бараат Редсите.
„Нема да платиме 25 милиони евра за него ова лето, ќе дојде бесплатно следната година“, наводно од Реал одговориле на пораката на Ливерпул.
Французинот одби нов договор на Енфилд и соработката со овој клуб му истекува на крајот од сезоната, а во Реал се расположени да го чекаат уште една година бидејќи следното лето ќе го добијат бесплатно.