Дома Фудбал Реал Мадрид заинтересиран за – освојувач на „Златната топка“

Реал Мадрид заинтересиран за – освојувач на „Златната топка“

Реал Мадрид вложи 178 милиони евра во доведувањето на Деан Хујсен, Трент Александар-Арнолд, Алваро Карерас и Франко Мастантуоно, а сега има нова голема цел, сака да најде замена за Тони Крос, играч кој не успеаја да го заменат ни минатата сезона. Освојувачот на Златната топка се смета за одлична опција.

„Водечка фигура на тимот. Диригент. Накратко, се бара нов плејмејкер. Или можеби баш Родриго”, пишува Ас во текстот со кој ги открива плановите на Реал, додавајќи дека клубот ова лето може да си дозволи уште еден голем трансфер, а “особено ако Родриго си замине, што би му донело на клубот меѓу 80 и 100 милиони евра”.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


“Проблем е што на пазарот нема играчи со доволно голема репутација за веднаш да ја преземат стартната улога во Мадрид. На меѓународната сцена моментално нема достапни играчи кои ги исполнуваат тие критериуми, а Реал бара готови фудбалери кои можат да обезбедат врвен ниво од првата минута и имаат потребната харизма.

“Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со Родриго, кој на крајот од минатата сезона се врати на терен по тешка повреда на коленото поради која беше отсутен девет месеци. Тој го одигра претпоследното коло од Премиер лигата и настапи на Светското клупско првенство. Сето тоа по кобниот септемвриски ден кога натпреварувајќи се против Арсенал ги искрши лигаментите…

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И последната пречка за трансферот на Рашфорд во Барселона падна

Крилото на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд може да се смета за сигурно ново засилување н…