
Раководството на Реал Мадрид не дозволува на навивачите да го печатат името Франко при купување на дрес од клубот.
Многумина се обидоа да го искористат доаѓањето на младиот Аргентинец Франко Мастантуоно и да го стават името ‘Франко’ на дресот со број 30, но Реал мудро го спречи тоа и навреме реагираше.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ги спречија навивачите да порачуваат дресови со ова име. Кога ќе се впише посакуваното име кое сакате да стои на дресот, името Франко е недостапно.
На сите им е јасно дека причината за ова е шпанскиот диктатор Франциско Франко, поради кој и Кралскиот клуб го носи дамна.
Само по неговата смрт во 1975 година, Шпанија стана демократска земја, а сеуште многумина го паметат како исклучително строг диктатор.
Реал Мадрид често беше означуван како тимот на генералот Франко. За време на неговата власт, Кралевите освоија шест титули прваци на Европа.