
Стоперот на Реал Мадрид Антонио Ридиґер, денес успешно беше опериран поради делумно кинење на надворешниот менискус на левата нога.
Реал Мадрид објави на својата официјална веб-страница дека Антонио Ридиґер морал да се подложи на хируршка интервенција по повредата што ја добил во финалето на Кралскиот куп за време на продолженијата.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Операцијата ја изврши д-р Мануел Лејес под контрола на медицинската служба на Реал Мадрид. Се очекува германскиот репрезентативец да биде надвор од теренот од шест до осум недели.
Инаку, Антонио Ридиґер во последниве денови е во центарот на вниманието на медиумите поради скандалот кој го имаше за време на Ел Класико во финалето на Кралскиот куп против Барселона, кога го гаѓаше судијата со шише вода и сакаше физички да се пресмета со него, со тешки навреди дека е “син на кучка”.
За Ридиґер, сезоната дефинитивно е завршена, а тоа ќе биде голем удар за Реал Мадрид во финишот на првенството и борбата за титулата со Барселона.
Реал Мадрид, пет кола пред крајот, има четири бода помалку од Барселона и е во тешка ситуација кога станува збор за борбата за пехарот.
Фото: Real Madrid C.F/X