Дома Фудбал Реал Мадрид отпиша тројцата фудбалери по дебаклот од ПСЖ

Реал Мадрид отпиша тројцата фудбалери по дебаклот од ПСЖ

Реал Мадрид беше поразен со 0:4 во полуфиналето на Светското клупско првенство од Пари Сен-Жермен. Тоа беше последниот натпревар за Лука Модриќ за Реал Мадрид, а изгледа дека беше последен и за уште тројца играчи на Реал, бидејќи клубот, како што наведува „Фичајес“, повеќе не смета на нив и сака да ги продаде во овој трансфер период.

Модриќ ќе ја продолжи кариерата во Милан, а преку излезната врата на клубот со него ќе заминат и Родриго, Дани Себалјос и Брахим Дијаз. Како што наведува шпанскиот извор, новиот тренер Хаби Алонсо не ги гледа во потесните комбинации во борбата за позиции во тимот и клубот ќе се обиде да заработи од нивната продажба.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Родриго, некогаш голема надеж на клубот за напаѓачките позиции, во текот на целото Светско клупско првенство одигра само 93 минути, настапувајќи на три од шесте натпревари на Реал.

Брахим Дијаз, без оглед на енергијата и претходните блесоци, е тргнат на страна, а пад во хиерархијата доживува и играчот за врска Себалјос, кој на СП за клубови доби само 70 минути во четири натпревари.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…