
Во Шпанија се шири шпекулација дека Алваро Арбелоа нема долго да издржи на клупата на Реал Мадрид и дека Флорентино Перез веќе започнал потрага по нов тренер.
Како и секогаш во вакви ситуации на „Сантијаго Бернабеу“, се спомнуваат различни имиња, а во последно време најмногу се зборува за актуелниот селектор на САД Маурисио Покетино, аргентинскиот тренер кој до сега ги водеше Еспањол, Саутхемптон, Тотенхем, ПСЖ и Челси.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Покетино многу добро ја познава Шпанија, во Еспањол имаше долга играчка кариера, а беше и тренер на каталонскиот клуб од 2009 до 2012 година. Неговото име наводно се најмногу издвоило во размислувањата на раководството на Реал.
Аргентинецот важи за еден од фаворитите на Перез; велат дека тој е негов омилен тренер веќе со години. Досега не им се прекрстиле патиштата, но во последниве часови Покетино се појавува како можеби главниот кандидат за нов тренер на Реал. Секако, ќе седне на најжешката клупа во светскиот фудбал по Светското првенство.
Најголемата желба на „Кралскиот клуб“ во овој случај би била да го потпише Кристијан Ромеро од Тотенхем, омилен дефанзивец на Покетино, но неговата цена достигнува 80 милиони евра и не е многу пристапна.
Покетино исто така не би имал ништо против враќањето на Марко Верати во европскиот фудбал. Италијанецот моментално игра во катарскиот Ал-Духаил.
Аргентинецот многу добро го познава од периодот кога го водеше ПСЖ. Наводно тој е играчот кој најмногу го импресионирал. Покетино верува дека за мала отштета може да го доведе во Реал и дека, и покрај тоа што има 33 години и веќе е трета година надвор од Европа, значително би ја подобрил екипата на Реал. Секако, заедно со уште некој од играчите за врска кои му се на радарот, а тоа се Алексис Мак Алистер, Енцо Фернандез, Адам Вартон и Витиниа. Последниот ќе биде тешко да го добие, тоа е речиси невозможна мисија во овој момент, но останатите се остварливи желби.