
Реал Мадрид состави одличен тим за следната сезона – особено во напаѓачкиот дел, но поради преголема „гужва“ напред, некој ќе мора да го напушти кралскиот клуб. Сега е познато кој е тој и која му е најверојатната следна дестинација.
Кралскиот клуб зад себе има една прилично лоша сезона за нивните стандарди, сезона која ја завршија без трофеј во витрините.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Барселона им ги „зеде пред нос“ сите три домашни трофеи – Суперкупот на Шпанија, Купот на Кралот и трофејот на државното првенство.
Резултат на сето тоа беше заминувањето на Карло Анчелоти од клубот и доаѓањето на Љабие Алонсо на жешката клупа на Мадрид.
Реал Мадрид ова лето потврди веќе неколку влезни трансфери, па така во клубот досега дојдоа Трент Александер-Арнолд, Дин Хујсен, Алваро Карерас и Франко Мастантуоно.
Покрај влезните трансфери ќе има секако и излезни, а еден од играчите кој најмногу се спомнува во контекст на заминување од Сантијаго Бернабеу е Родриго.
Бразилецот се поврзуваше со голем број европски клубови, меѓу кои беа и ПСЖ, Арсенал, па дури и големиот ривал – Барселона.
Фото: Принтскрин