Дома Фудбал Реал Мадрид има нова мета: Тргнува по фудбалерот на градскиот ривал и еден од најдобри бекови во Ла Лига

Реал Мадрид има нова мета: Тргнува по фудбалерот на градскиот ривал и еден од најдобри бекови во Ла Лига

Реал Мадрид го очекуваат поголеми промени на позицијата десен бек. По повредата на Дани Карвахал, еден од хероите на минатосезонското финале на Лигата на шампионите во кое постигна гол против Борусија Дортмунд, Кралскиот клуб се насочи кон доведување на Трент Александар-Арнолд од Ливерпул.

На англиската ѕвезда на крајот на сезоната му истекува договорот, исто како и на 33-годишниот Лукас Васкез кој оваа сезона, поради отсуството на Карвахал, има улога на прв избор на десната бековска позиција.. Шпанските медиуми пишуваат дека Васкез е на чекор до заминување и дека нема да му биде продолжен договорот.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Тоа значи дека на Реал дури и во случај на доаѓање на Александар-Арнолд ќе му треба резервна опција. Сè уште не е познато кога Карвахал ќе се врати по тешката повреда на предните вкрстени лигаменти и во каква состојба ќе биде по опоравувањето, а легендарниот бек последните сезони сè почесто се користи како стопер.

Порталот „Sports Illustrated“ пишува дека вниманието на Реал го привлече играчот на градскиот ривал Рајо Ваљекано и романскиот репрезентативец, 26-годишниот Андреј Рациу. Тој се смета за еден од најдобрите бекови во Ла Лига, а за него наводно е заинтересирана и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај за ВАР во една европска земја? Дури 18 клуба гласаа за укинување на технологијата!

ВАР технологијата од својата имплементација предизвика поделени мислења околу својата (не)…