Дома Фудбал Реал Мадрид го понижуваше со години, па синоќа ја дочека најслатката одмазда и плачеше како мало дете (Видео)

Реал Мадрид го понижуваше со години, па синоќа ја дочека најслатката одмазда и плачеше како мало дете (Видео)

Реал Мадрид синоќа сензационално испадна од Кралскиот куп бидејќи беше поразен на гостувањето кај Албасете со 3:2 во осминафиналето. Во центарот на вниманието по натпреварот беше Хесус Ваљејо, кој, по сè што му направи Реал, ја дочека најслатката можност за одмазда.

Иако Реал Мадрид неочекувано пред неколку дена го отпушти Чаби Алонсо и на местото на прв тренер привремено го доведе Алваро Арбелoа, малкумина очекуваа дека овој тим ќе претрпи уште еден тежок удар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кралевите синоќа гостуваа кај второлигашот Албасете во рамките на осминафиналето од Кралскиот куп каде што беа апсолутни фаворити, но на крајот се случи нова катастрофа за тимот од Мадрид.

Албасете одигра неверојатен натпревар пред своите навивачи и успеа да дојде до голема победа и тоа со гол во 94. минута кога Бејтанкор постигна за конечна 3:2 и предизвика ерупција на воодушевување на трибините.

Играчите на Реал веднаш одлучија да побегнат од теренот во соблекувалната и беше јасно каков шок е за нив што беа поразени од второлигашот и испаднаа веќе во осминафиналето на Кралскиот куп, оставајќи ги без шанса и за тој трофеј.

Меѓутоа, главна тема по натпреварот меѓу Албасете и Реал беше Хесус Ваљејо кој ја дочека најслатката можност за одмазда по сè што му се случило претходните години во кралскиот клуб.

Ваљејо пред почетокот на сезоната пристигна во Албасете токму од Реал, кој го напушти по истекот на договорот и кај Карло Анчелоти речиси и не играше.

Тој беше единствениот играч на кој Анчелоти воопшто не му даде шанса да се покаже и иако имаше проблеми со повреди на стоперите, Италијанецот повеќе експериментираше со Камавинга и Тчуамени на таа позиција наместо да го користи Ваљејо, кој таму природно игра.

На крајот, Ваљејо замина од Реал Мадрид „на задната врата“ како да не бил никогаш таму, но нешто повеќе од половина година подоцна, ја дочека својата одмазда.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа по историскиот срам: Целта на Реал Мадрид се Ла Лига и Лигата на шампионите

Реал Мадрид доживеа историски шок со поразот во осминафиналето на Копа дел Реј од Албасете…