Дома Фудбал Реал го скратил името на стадионот „Сантијаго Бернабеу“

Реал го скратил името на стадионот „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид поминува низ период на големи промени, а една од нив сега е и официјално потврдена. Легендарниот стадион Сантијаго Бернабеу доби ново, скратено име – Бернабеу. Иако не е големо напуштање од досегашното име, овој потег е дел од поширока стратегија за ребрендирање на клубот и модернизација на неговото работење, пишува Football Espana.

Иако беше најавено уште минатата година, Реал Мадрид сега и официјално го промени името на својот дом, кој од сега наваму, наместо целосното име Estadio de Santiago Bernabeu ќе се вика едноставно Бернабеу. Според Diario AS, новото лого со скратеното име стана видливо за време на промотивните активности со НФЛ оваа недела. Веќе оваа недела, Бернабеу ќе биде домаќин на историскиот, прв натпревар од американскиот фудбал во Шпанија, на кој ќе играат Вашингтон и Мајами.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Стадионот на Реал е именуван по клупската легенда и долгогодишен претседател Сантијаго Бернабеу. По обемната обнова, стадионот доби пазар за храна и низа нови барови и угостителски објекти, што му отвора нови извори на приходи на клубот.

Според зборовите на архитектот Жозеп Рибас, звучната изолација на стадионот, која ќе овозможи редовно одржување на концерти, ќе биде завршена до 2026 година. Плановите се протегаат и понатаму, па така веќе ова Божиќ Бернабеу ќе биде домаќин на голем тематски парк наменет за семејства и деца.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Икарди бесен поради последната фотографија на Ванда Нара

Ванда Нара повторно ја возбуди јавноста, но исто така го предизвика бесот на поранешниот с…