Дома Фудбал Реал го претстави аргентинскиот „бисер“: Ова е остварување на сонот

Реал го претстави аргентинскиот „бисер“: Ова е остварување на сонот

Откако конечно беше претставен како фудбалер на Реал Мадрид, Франко Мастантонуоно одржа специјална прес-конференција на која ја изрази својата радост од трансферот и посочи што можат да очекуваат фановите на тимот од него.

„Многу сум задоволен и чувствувам среќа. Отсекогаш ми беше сон да играм во Мадрид. Многу им благодарам на фановите за нивната љубов. Кога договорот стана официјален, јас сè уште бев во Ривер Плејт и размислував само за него. Но, кога пристигнав овде, мојот фокус се префрли на овој голем клуб. Јас сум офанзивен играч, со силна лева нога и речиси секогаш играм на десната страна.“

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не ми се допаѓа да зборувам за себе, нека други го прават тоа. Сепак, ќе дадам сè од себе за да му помогнам на тимот и да ги направам фановите среќни. Веќе сум разговарал со Чаби Алонсо, кој ми се јави. За мене беше многу важно да ја покаже својата доверба. Тоа беше личен разговор, но повикот ми донесе голема самодоверба и многу ми значеше.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јашари: Отсекогаш сум сакал да преминам само во Милан

Новото засилување на Милан Ардон Јашари денес беше претставен пред италијанските медиуми к…