Дома Македонски спорт Мак фудбал Реакција на „Комити“: На натпреварот Вардар – Тиквеш ќе има бесплатен влез за секој со македонско знаме!

Реакција на „Комити“: На натпреварот Вардар – Тиквеш ќе има бесплатен влез за секој со македонско знаме!

Во викендот кој следи екипата на Вардар ќе игра натпревар против Тиквеш во рамките од 17. коло во ПМФЛ, а пред овој натпревар од навивачката група „Комити“ се одлучија на реакција.

Имено, како што најавија на социјалните мрежи, секој кој ќе носи македонско знаме на натпреварот кој се игра од 13:00 часот в недела ќе има обезбедено бесплатен влез.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Не е време за седење дома, време е за акција. Во недела, масовно низ скопските улици, а потоа и на стадионот! Упатуваме апел за носење на државното знаме на Македонија, како и за масовно присуство на кортеото и во копот!“, стои во објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…