Дома Фудбал Италија Раниери за заминувањето на Де Роси: Навивачите мораат да ја знаат вистината

Раниери за заминувањето на Де Роси: Навивачите мораат да ја знаат вистината

Eкипата на Рома викендов игра против Аталанта, а пред дуелот кој е на програмата во понеделеник Клаудио Раниери зборуваше за одредени ситуации во клубот.

Она што најмногу ги интересираше навивачите можеби е начинот на кој Даниеле Де Роси замина од клубот. Во медиујмите се шпекулираше дека капитенот Лоренцо Пелегрини е еден од оние кои посакуваа Де Роси да замине.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поради тоа се огласи Раниери.

„Во мојата кариера сум двајца фудбалери за врска кои биле фантастични стрелци, првиот е Лампард, вториот Пелегрини. Многумина го критикуваат, но колку е важен за Рома покажува и бројот на важни голови кои ги постигна“, изјави Раниери.

Раниери истакна дека Пелегрини не бил против Де Роси, напротив негова желба била тој да остане на клупата.

„Тој е навистина мирна личност, пати поради оваа ситуација. Не го избрка Де Роси од Рома, не се тоа ниту, Манчини и Кристанте. Напротив, тие се трудеа да го задржат. Навивачите мораат да ја знаат вистината“, изјави Раниери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…