
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека од следната сезона, Шампионската лига ќе се прошири од сегашните 16 на дури 24 тима.
Нов систем на натпреварување ќе се примени. Во моментов, 16 тимови се поделени во две групи по 8, после кое следи систем на елиминации.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Од следната година, 24 тима ќе бидат распределени во шест групи од по четири тимови.
Првите две екипи од секоја група ќе напредуваат во следната фаза каде што ќе се формираат две групи од по шест екипи, додека тимовите кои ќе завршат на трето и четврто место во првата фаза ќе преминат во елиминацискиот дел на Европската лига.
Екипите кои ќе се пласираат во вториот круг ќе се борат за едно од првите четири места во групите, кои водат директно во четвртфиналето.
Интересно е што тимовите кои ќе завршат на петто место во вториот круг ќе продолжат во осминафиналето на Европската лига, додека тие на шестото ќе ја завршат нивната европска авантура.
Победниците од четвртфиналните дуели во Шампионската лига ќе се квалификуваат на завршниот турнир, „фајнл-фор“.