Дома Фудбал Рафиња: Преземам одговорност за одложувањето на моето закрепнување од повредата.

Рафиња: Преземам одговорност за одложувањето на моето закрепнување од повредата.

Бразилското крило на Барселона Рафиња презеде одговорност за одложувањето на неговото целосно закрепнување од повреда изминативе месеци. Се очекуваше фудбалерот да биде надвор од игра најмаксимум три недели, но на крајот пропушти околу два месеци.

“Навистина имав потешкотии. Имаше многу сложени моменти. Јас сум фудбалер кој сака секогаш да биде на теренот и да му помага на тимот колку што е можно повеќе, а последните два месеци беа тежок период за мене“, коментира Рафиња на прес-конференцијата пред денешниот натпревар на Барселона против Челси во Лигата на шампионите.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


“Работам за да се вратам на 100%. Ова беше мускулна повреда, од која секогаш е тешко да се закрепне, бидејќи може да се чувствуваш одлично, а потоа да добиеш нова повреда, како што ми се случи мене. Се обидувам да ја вратам мојата најдобра физичка форма за да можам да му помогнам на тимот. Имав два рецидива – првиот беше моја вина и можам да преземам одговорност, како и за вториот. Преземам одговорност и за двете одложувања, обидувајќи се да се вратам на теренот порано. Направив грешка“, призна бразилскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо отворено зборуваше за проблемите во тимот

Чаби Алонсо, тренерот на Реал Мадрид, одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар што…