Дома Фудбал Рафиња истакна кој е “срцето” на Барселона и откри како Флик го убедил да остане

Рафиња истакна кој е “срцето” на Барселона и откри како Флик го убедил да остане

Kапитенот на Барселона Рафиња со голема почит зборуваше за некои од главните играчи на тимот, посебно фалејќи го Педри, кого го нарече “срцето” на Каталонците. Тој исто така призна дека тренерот Ханзи Флик влијаел врз неговата одлука да остане во клубот минатото лето.

“Многу сум задоволен од тимот. Ние сме екипа што учи нешто ново секој ден и според мене учиме побрзо од очекуваното. Педри нема многу асистенции или голови, но според мене е најважниот играч во нашиот состав. Мислам дека тој е “срцето” на тимот. Сите топки поминуваат низ него. Ако Педри не е на теренот, нешто недостасува во нашата игра. За жал, фудбалот стана повеќе зависен од бројките отколку што треба, поради што се игнорира важноста на играта и играчите на теренот. Педри е меѓу најдобрите фудбалери во светот. Да играм со Lamin Yamal е апсолутна лудост. Неговиот клас е неспорен. Тоа што го прави на теренот, те тера да мислиш дека игра професионален фудбал веќе 10 години.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Имам многу блиски односи со Ханзи Флик. Откога пристигнав за предсезонската подготовка, се договоривме и тој ми рече дека ќе смета на мене и дека ќе бидам многу важен играч. Мислам дека тоа малку ја промени мојата намера за дали ќе го напуштам клубот или не”, сподели Рафиња пред клубската телевизија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Реал во луд натпревар по продолженија обезбеди финале на Кралскиот куп

Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија место во финалето на Кралскиот куп. Актуелните европ…