
Милонариос денеска официјално го потврди раскинувањето со големиот колумбиски напаѓач, Радамел Фалкао.
Денеска Радамел Фалкао го напушти Милонариос, тимот од Богота.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Клубот официјално се огласи соопштение на социјалните мрежи и објасни детали.
„Милонариос ФК го информира дека Радамел Фалкао Гарсија одлучи повеќе да не биде играч на клубот.”
Фалкао, да потсетиме, пристигна во Милонариос минатата година откако се раздели со Рајо Ваљекано. Колумбискиот напаѓач, кој испиша историја во Атлетико Мадрид, исто така сакаше да го напушти клубот минатата зима, но дојде до пресврт.
Фото: Принтскрин