Дома Фудбал Работнички со гол на Рушевиќ го доби Тиквеш

Работнички со гол на Рушевиќ го доби Тиквеш

Фудбалерите на Работнички се радуваа на победа против Тиквеш од 1:0 о денешниот последен натпревар од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Работнички така се врати на победите по ремито со Гостивар и поразот од Вардар, а човек на одлука денес беше Анес Рушевиќ. Напаѓачот на дебармаалци во финишот од првиот дел од пенал го постигна голот кој се покажа како доволен за три бода.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Кога е табелата во прашање, Работнички сега е четврти со 44 бода, додека Тиквеш на 10-тата позиција во опасната зона има 18, колку и охридска Воска Спорт.

РЕЗУЛТАТИ 23. КОЛО:

Гостивар – Брера 2-2

Шкендија – Пелистер 1-0

Шкупи – Беса 2-3

Силекс – Вардар 1-1

Струга – Воска Спорт 1-0

Работнички – Тиквеш 1-0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити има „план Б“: Ова се трите тренери кои се најголеми фаворити да го наследат Гвардиола

Пеп Гвардиола веќе десет години е на чело на Манчестер Сити и за тој период постигна бројн…