Дома Моторспорт Пјастри беше незапирлив, Мекларен доминантно до двојна победа во Шангај

Пјастри беше незапирлив, Мекларен доминантно до двојна победа во Шангај

Оскар Пјастри постигна сигурна и убедлива победа на Големата награда на Кина, водејќи од старт до цел. Мекларен имаше совршен ден, затоа што Ландо Норис заврши втор, додека Џорџ Расел го комплетираше подиумот.

Трката започна прилично возбудливо – Расел и Норис имаа фантастични стартови, го нападнаа Пјастри, но Австралиецот се бранеше уште подобро.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Зад нив двојката од Ферари го престигна Ферстапен, со благ контакт меѓу Леклер и Хамилтон, кој резултираше со мали оштетувања на болидот на Шарл Леклер.

И покрај тоа, Леклер продолжи во добар ритам, но не можеше да ги престигне водечките, бидејќи беше заглавен зад Хамилтон.

Веќе во шестиот круг Фернандо Алонсо се повлече од трката поради проблеми со кочниците, додека водечките возеа тактичка трка со минимални разлики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Почнува судскиот процес на деценијата: Легендарен возач бара признание за „украдената“ титула и 80 милиони долари

Четириесет и четиригодишниот возач Фелипе Маса сака да биде признаен како светски шампион …